Како да направите посни и многу вкусни лепчиња приготвени со маслинки



Посни и многу вкусни лепчиња приготвени со маслинки и маслиново масло кои даваат извореден медитераснки шмек. Одличен рецепт од В.К, споделен на migusto.


Леб/лепчиња со маслинки и маслиново масло

Состојки:


600 г бело меко брашно
6 лажици маслиново масло
15 ливчиња свеж рузмарин
1 рамно наполнетолажиче сол
300 мл вода
2 лажички сув квасец
200 г црни маслинки (сечкани)
1 лажица стопен маргарин (за премачкување)

Приготвување:


1.Маслиновото масло со ливчињата рузмарин малку загрејте го (без да зоврие), оставете да отстои 15-тина минути, па одстранете ги ливчињата.

2.Во длабок сад за месење, ставете САМО 500 г од брашното, додајте ги и останатите состојки освен маслинките и месете со миксер 10-тина минути. Доколку се одлучите да месите рачно, тогаш продолжете го времето на 20 минути. На крајот во тестото додајте ги и маслинките и месете за да се изедначи смесата.

3.Доколку тестото е премногу лепливо, додајте уште малку брашно но не повеќе од 50 г.

4.Оставете го тестото да стасува 40-тина минути.

5.Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. На слабо побрашнета работна површина, нежно премесете го тестото и формирајте векна леб или малечки долгнавести векнички.

6.Намрсете ја тавата за печење или калапот за леб, оставете уште еднаш малку да стаса подготвеното тесто 10-тина минути, и потоа печете додека површината да добие светло кафеава боја.

7.По печењето, премачкајте ја површината со стопен маргарин.