Како да направите најубави кифлички со шунка и павлака


500 гр. Екстра бело брашно тип 400
3 компири варени
2 жолчки
1 квасец сув
150 мл. млеко
1 лажичка сол
2 белки
сусам

Фил: 200 гр. шунка
3 лажици павлака
100 гр. рендан кашкавал

Во сад измешајте ги млекото, жолчките, квасецот, сол, компирите изрендани и брашното и замесете тесто. По месењето оставете го тестото да стаса, советуваат од „мојата кујна“.

Во меѓувреме подгответе го филот. Исецкајте ја саламата и изрендајте го кашкавалот. Во длабок сад измешајте ги заедно со 3 лажици павлака.

Исукајте го тестото на маса со малку брашно за да не лепи. Исечете ја кората на квадрати или триаголници по желба. На секое парче тесто ставете од филот и свиткајте го во ролна. Наредете ги кифличките во подмачкана тепсија и премачкајте ги со белка. По желба наросете ги со сусам.

Оставете ги 5 минути и потоа стевете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 30 минути.

Пријатен апетит!