Како да направите чоколадна торта за една минута


Како би реагирале ако ви кажеме дека е можно да се направи вкусна чоколадна торта само за една минута?

Да, сосема сериозно! Наидовме на оваа техника во американскиот сајт Chocolatecoveredkatie.com и одлучивме дека треба да ви споделиме рецепт за ова симпатично задоволство.

За таа цел ќе ви биде потребна една чаша во која ќе ја направите оваа инспиративна лесна и брза торта, малку трпение и следните производи:

3 лажици какао во прав
3 лажици брашно
1/4 лажичка сол
3 чајни лажици кафеав шеќер
1/3 лажичка прашок за пециво
2 лажици масло
3 лажици млеко
1/2 лажичка сува ванила

Во сад со соодветна средна големина измешајте ги сувите состојки од листата (какаото, брашното, солта, кафеав шеќер, прашок за пециво, ванила) и промешајте ги добро. Потоа додадете млеко и масло и повторно промешајте до добивање на хомогена смеса.

Префрлете ја добиената смеса во соодветна чаша, чие дно и ѕидови претходно сте ја намачкале со масло, и ставете ја 40-50 секунди во микробранова печка.

По желба можете да направите ефектна глазура со течно чоколадо, кога веќе сте ја извадиле мини тортата од чашата.
Добиената порција е за еден човек, но на ист начин можете да направите мини колачи за вашата партнерка, за целото семејство, и за гостите кои ги очекувате.

Кој рече дека убавите работи кратко траат? Еве го доказот – едноминутно слатко искушение.