Како да изградите деловни контакти?



Старата изрека вели дека не е битно што знаеме, туку кого знаеме, а тоа го потврдува и денешната деловна практика во која повеќето работи се добиваат преку некаков вид на препорака. Познанствата секако играат голема улога во бизнис светот, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да изградите корисна мрежа на контакти.


  • Поврзувајте се со цел

Трудете се кога го ширите кругот на деловни луѓе добро да одберете и да се определите за оние што може да ви помогнат, но секако и на оние на кои вие би можеле да им бидете од корист.

Бидејќи на почетокот не знаете кој е кој, мрежата ќе биде поголема. Секогаш имајте јасна цел за тоа што сакате, бидејќи така луѓето полесно ќе може да ви помогнат.


  • Смешкајте се и бидете љубезни

Немој да бидете пресериозни и секогаш да зборувате за работата, туку обидете се да воспоставите природна и лесна комуникација во која ќе го слушате соговорникот и ќе ги памтите деталите што ви ги открива.

Со љубезната насмевка ќе направите на луѓето да им е удобно ва ваша близина и ќе ги опуштите, додека сериозниот изглед би можел да ги уплаши.


Страни: 1 2