Како да го натераме да не обожава ? | Lady

Како да го натераме да не обожава ?

ljubov3

Нудиме неколку тактики кои секоја од вас може да ја спроведе на мажот до неа.

Покажи му дека си самостојна

Нема ништо поубаво од тоа да покажеш на мажот до тебе дека можеш и сама. Докажи му дека и без негова помош може да се справите со проблемите и задачите. Друго си е сепак, да види дека си одговорна и сериозна.

Сослушај го

Мажот треба да види дека може да смета на тебе. Разговарајте повеќе и сослушај го. Кога ќе видиш дека можеш да му ги чуваш тајните, сигурно ќе ги почитува и чува твоите.

Дај му слободно време

Нека се гледа со другарите од време на време. Тоа е идеално време да обрнеш внимание на себе, да направиш нова фризура, нокти, да се видиш со пријателките или едноставно да останеш сам со себе.

Прикажи ја твојата љубов

Прикажи ја твојата љубов со тоа што го поддржуваш и разбираш. Смејте се повеќе, правете си меѓусебно изненадувања, планирајте одмор. Така ќе бидете вечно среќни.