Како да ги елиминирате: 4 природни лекови против акни



Акните најчесто се појавуваат на лицето, вратот и грбот.  Потребно е да знаете дека акните некогаш се и генетски предизвикани, некогаш поради хормонален дисбаланс, а некогаш и поради посебна модификација на една од бактериите (Propionibacterium acnes) кои живеат на кожата на лицето, а се хранат со шеќерот во вашето тело. (Избегнувајте рафинирани производи и алкохол). Секако, најдобро е да се консултирате и прегледате кај квалификуван дерматолог.


Но, има и неколку природни лекови кои може да ви помогнат да ги елиминирате. 

Масло од чајно дрво


Ова масло има антибактериски својства кои помагаат во лечење на акните. Маслото од чајно дрво спречува лачење на масни материи поради кои настануваат акните. Погодно е за сите типови кожа и нема несакани ефекти од неговото користење. Се применува површински, односно акните се мачкаат со ова масло.

Маска од мед и папаја


Папајата содржи антиоксиданси кои ја негуваат кожата, а нејзиниот ензим (папаин) ги елиминира мртвите клетки од кожата и го помага нејзиното обновување. Медот има антимикробни својства кои помагаат во елиминирање на микробите одговорни за создавање акни. Оваа маска може да ви помогне да се ослободите од сите нечистотии на кожата и да спречите појава на затворени пори. Покрај тоа, таа ја подобрува и текстурата на кожата. Направете паста од споменатите состојки, нанесете ја на лицето и под ваесетина минути измијте со ладна вода.

Страни: 1 2