Како 7 влијателни жени се справуваат со стресот


Човек и добро да живее, стресот неминовно се појавува во секојдневниот негов живот. Ова важи дури и за познатите личности, популарни во целиот свет.

Еве како неколку влијателни жени се справуваат со стресот:

Анџелина Џоли признава дека она што ја прави вистински мирна, е времето поминато со нејзините деца. Таа сака да стои околу нив и да ги играат заедно нивните омилени игри, како и да прават цртежи.

Мадона знае дека кога работите не успеваат, неколку минути насамо со себе и високите децибели, се доволни за да ги земе повторно работите под контрола.

Кејт Винслет се справува со стресот, правејќи листи, познати во САД како “to do list”. Таа стигнала до заклучок дека кога ќе ги напише црно на бело сите задачи за денот, нејзиното време доаѓа, без да мора да го изложува организмот под непотребни тензии.

Првата дама на Америка го победува стресот со редовни фитнес вежби. Кога пак таа има повеќе време, Мишел Обама сака да се шета меѓу природата со двете ќерки.

Кристина Ричи се ослободува од стресот со танцување. Таа признава дека постојано танцува сосема сама дома на многу гласна музика, а друштво секогаш и прават нејзините кучиња кои кружат околу неа.

Актерката Лена Данам против стресот се бори со медитацијата. “Медитацијата ми помага да се доверам мисловно на место кое е само мое – таму има само среќа, хармонија и рамнотежа”, изјави ѕвездата од серијата “Девојки”.

Пејачката и актерка, омилена на тинејџерите, Деми Ловато вели дека позитивните мисли за домот и семејството секогаш ја смируваат.