Каде таа копнее да ја бакнете



Нејзините усни се сочни, розови и ве привлекуваат како магнет. Тие сепак не се единственото место за бакнежи. Дамите се големи обожавателки на бакнувањето, бидејќи за нив тоа е чин на интимност.


Поради оваа причина тие секогаш се радуваат кога усните ja допираат нивната кожа. Еве и каде би сакала да ја милувате:

По вратот


Кога ќе ја бакнете по вратот, таа чувствува блага ранливост која ја возбудува. Подигнете ја нежно косата и допирете ги усните за секунда до вратот нејзин, а потоа нежно насмевнете се советува сексологот Џенифер Линда, автор на книгата “The Sex Drive Solution for Women”.

По грбот


Верувале или не, таму се рефлектираат сите точки на нејзините гениталии, па секаков допир, масажа или друга стимулација во долниот дел на грбот нејзин, ќе даде желба.

На челото

Најверојатно овој бакнеж ве потсетува на оној на татко ви или дедо ви. Грешите! Кога мажот ќе ве бакне во челото на јавно место, тоа е знак за интимност и блискост. Како и ветување за уште нешто, кога останете насамо …

По прстите

Некои дами и господа имаат фетиш кон стапалата. Бакнувањето и цицањето нивно, како и тоа на прстите е доста еротска глетка и ги возбудува сетилата.

По брадавиците

Непотребно е да повторуваме дека тие се ерогена зона, која е полна со нервни завршетоци. Брадавиците се директно поврзани со гениталиите и помагаат за постигнување оргазам. Однесувајте се кон нив со многу љубов!

Во ушите

Ушите се исто така многу сензитивен орган, кој е полн со нервни завршетоци. Можете и нежно да ги гризете и таа ќе ви скока како вистинска тигрица.

По клиторисот

Во машкиот пенис има околу 4.000 нервни завршетоци. Во клиторисот тие се двојно повеќе. Не штеди време, туку поиграјте си со овој нежен дел од нејзиното тело. Бидете сигурни дека таа ќе ви возврати.