Изглед според хороскопот: Овните имаат спортска градба и мускули, а лавот најдотеран


Секој хороскопски знак како што има некои одлики во однос на карактерот, така има и одредени црти кои се карактеристични за неговиот изглед.

Ако ги знаете главните одлики на секој знак лесно ќе препознаете и некој непознат што е во хороскоп, само по цртите на лицето или градбата на телото.

Овен

Овните имаат спортска градба и мускули и покрај вишокот килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа, понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во согласност со силата и енергијата на личностите кои се карактеристични за овој знак. Не се склони на дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно.

Бик

На пријатното и симетрично лице на Бикот се истакнуваат капаците, топчестиот нос, полните усни и блескавиот тен. Припадниците на овој знак обично имаат складна фигура и пропорционално тело, така и тежината рамномерно се распоредува кога ќе се здебелат. Делуваат многу пријатно на око, истовремено и силно и кревко. Сакаат да се облекуваат идеално.

Близнаци

Секогаш се подготвени за акција. Изразеното лице неретко делува помладо отколку што е, а очите им се многу впечатливи. Имаат доста долги раце и нозе, обично се витки и високи, па делуваат грациозно и елегантно. Припадниците на овој знак немаат толку истакнати мускули, ниту струк. Сакаат да носат различни стилови.

Рак

Раковите обично имаат округло лице и истакнати јаболчници, но ги краси впечатлив нос, кој не мора да биде голем, но со специфичен облик. Брадата им е заоблена, а косата темна и по малку ретка. Иако во младоста се витки, повеќето Ракови посебно се здебелуваат после триесеттите. Вратот им е обично пократок и најчесто имаат чувствителна кожа. Со изгледот оставаат впечаток на нежни и суптилни личности.

Страни: 1 2 3