Исповед: Зошто решив да ги смалам своите џиновски гради



Американската старлета Хајди Монтаг ја изненади јавноста кога градите од големина Ф ги смали на Ц, откако лекарот ја предупредил за здравјето.


Ријалити ѕвездата која е позната по својата платинесто руса кода и бројните пластични операции, вели дека морала да ги симне инплантите од градите, бидејќи тие започнале да се спуштаат кон стомачната празнина.

Иако сакала да се симне и подолу од Ц големината, сепак не го направила тоа, заради помалку резови.


-Повеќе не ме болат вратот и рбетот, а бев и уморна мажите да ѕверат во моите гради и да ме знаат како „девојката со операциите – вели Хајди и признава дека на операциите се решила поради недостаток на самодоверба.

-Во тоа време бев несигурна во својот изглед, но мислам дека ќе ми беше попаметно да отидам на психотерапија отколку да си го загрозам здравјето на овој начин – се исповеда таа.