Исповед: Имам 37 години, среќно сум омажена но редовно имам секс со… | Lady

Исповед: Имам 37 години, среќно сум омажена но редовно имам секс со…

prasanjeseks

Два пати неделно го имам најдобриот секс со 19- годишен дечко кому до пред 4 месеци му бев шеф. Џејк, човекот со кого сум во среќен брак веќе 10 години, не знае ништо за тоа и не планирам да му кажам.

Џејк и јас никогаш не водевме многу љубов. Дури и на 19 години кога се запознавме, беше од оние луѓе кои сакаат секс два пати неделно. Јас секогаш сакав секс два пати дневно. Додека бев на факултет водевме врска на далечина, па сексот не беше толку чест колку што сакав, но се убедив себеси дека би имале повеќе секс кога би живееле поблиску.

Додека да се венчаме дојдовме до тоа да имаме секс еднаш во неколку месеци, и тоа само кога јас го молев. Секој пат плачев кога го прашував што треба да применам. Дали сака перверзен секс? Или можеби сексот е премногу перврезен? Дали потајно имал некој фетиш кој го криел од мене?

Сексот делува како толку банална работа за жалење кога се останото во врската ви оди супер, но и девојките имаат потреби, и на крај плачев.

Бидејќи поминав добар дел од деценија со човек кого сексот воопшто не го интересира, не ми недостасуваа секси играчки, и не се двоумев да ги користам, но никако не ми тргаше од рака за го задоволам тој нагон.

Страни: 1 2