Интелектот на децата зависи од мајката

Паметните луѓе треба да им благодарат на мајките за тоа што се интелигентни. Гените на мајката се одговорни за “пренесување на интелектот” од генерација на генерација. Ова се тврди во новата студија на експерти од Универзитетот во Минесота, објави “Psychology spot”.

Според нив новите податоци го демолираа митот дека жената е создадена само за да даде живот. Изгледа работите се многу неразбирливи за кревкиот човечки ум.

За науката одамна е познато дека интелектот е наследна компонента во генетиката. До пред неколку години сепак се сметаше дека менталниот капацитет на детето зависи како од мајката, така и од таткото – по малку такт и од двајцата. Но, со развојот на науката и спроведување на нови истражувања се утврдува нешто сосема друго. Многу поверојатно е децата да ги наследат менталните особини на своите мајки, бидејќи интелектот се пренесува преку X хромозомот, чии носители се претставниците на понежниот пол. А и откако дамите имаат два X хромозоми, веројатноста тие да го пренесат интелектот на детето станува двојно.

Страни: 1 2