Храна опасна за малите деца



Меѓу 2001 и 2009 година во Америка, повеќе од 16 илјади деца до 14 години завршиле во брза помош поради задушување со тврди бонбони, покажа американската студија, објавена во списанието Педијатрикс.


Останата опасна храна поради која е повикувана брза помош се други видови бонбони, месо, коски, овошје и зеленчук, семенки, јаткасти плодови, чипс или пуканки.

На малите деца им недостигаат заби за ситнење на храната, па се уште учат како треба да џвакаат и се многу активни, што може да ја зголеми можноста од задушување со храна. 


Американската педијатриска академија препорачува на децата до пет години да не им се даваат тврди бонбони или гуми за џвакање, а овошјето и зеленчукот да се сецкаат на помали парчиња.

Децата додека јадат треба да се надгледуваат, никогаш не би требало да трчаат, да одат, да си играат или да лежат, додека храната им е во устата.


Продукти, кои можат да претставуваат голем ризик за децата, се оние слични на формата на детските органи за дишење, оние кои тешко се џвакаат (сировото овошје и зеленчук) и оние кои се конзумираат по повеќе одеднаш, како семенки и јаткасти плодови.