Голем концерт на Каролина со “Македонско Девојче” за Илинден!



Почитувани сакаме да Ве информираме дека Каролина,на нашиот најголем национален празник Илинден,за прв пат со својот проект “Македонско Девојче”,ќе има концерт во Дојран.


Концертот со почеток од 21ч.ќе се одржи во Градскиот Парк во Стар Дојран, во недела 2ри Август.

После фантастичните концерти во Хераклеа Битола и Антички Театар Охрид,на кои присуствуваа повеќе од 5000 посетители,ова е ретка можност фановите на Каролина од Дојран,Струмица,Гевгелија,Валандово… да го слушнат во живо најбараниот музички проект последниве неколку години во Македонија.


Влезниците за овој концерт по цена од 300ден. можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе,како и во Тобако Џинов-Нов Дојран,сендвичара Џина и Туристички инфоцентар-Стар Дојран.