Годините не можеме да ги запреме: Како да ја негувате кожата околу очите



Годините не можеме да ги запреме, но со правилна нега може да го задржиме здравиот и блескав тен. Кожата околу очите е потенка и има помалку маснотии, па заради тоа е подложна на збрчкување.


Еве неколку мали совети со кои ќе ја одржите елсастичноста на ова осетливо подрачје..

Важно е очите да се заштитат од УВ зраци. Практикувајте да носите очила за сонце на дневна светлина. Но, не какви било, туку квалитетни, такви што ќе ја исполнуваат основната намена – заштита од штетните сончеви зраци.


Треба да го знаете типот на вашата кожа. Ако имате мрсна кожа, добро ќе делува вода од рози за чистење на лицето, особено пред спиење. Но, ако имате сува кожа или нормална кожа, ќе ѝ треба навлажнување.

Изберете добар крем за кожата околу очите. Овој крем треба да биде извор на природни пептиди. Тоа ѝ помага на кожата да произведува повеќе колаген и еластин. Исто така, ги јакне клетките на кожата и спречува ненадејно дегенерирање на структурата на кожата.


Страни: 1 2