Го оставив сопругот и се вратив кај бившата љубов од минатото



Се омажив за човек што го знаев само неколку месеци, го запознав сакајќи да го преболам бившиот со кој раскинав од глупава причина.


Двајцата знаевме дека сме еден за друг, дека ќе останеме заедно засекогаш, знаев дека нема да погледне никоја после мене, но не можев да го трпам секое негово раскинување поради глупава причина.

Сакав да си докажам дека без секој се може, сакав да си докажам дека не сум зависна од неговата љубов која можеби ја чувствував, но никогаш не слушнав „Те сакам” од неговата уста.


Сакав врска во која некој што ќе ме осипува со внимание, ќе ми кажува дека ме сака и ќе ми ја бакнува раката како во филмовите.

Решив да му ставам крај на тоа нашето, што и да беше и започнав да излегувам со друг човек.


Беше повнимателен, подобар, ми кажуваше дека ме сака постојано, не се срамеше да ме фати за рака, сакаше да се гледаме често, ме запозна со неговите пријатели, роднини, родители…

Правеше сè што овој претходниот кој го сакав повеќе од животот никогаш немаше направено.

Се обидував да го преболам и да се убедам дека може да го засакам мојот нов партнер, едноставно беше совршен, без мaана, како скроен за мене, но не и јас за него.

Беше ден на жалост наместо ден на радост кога ме запроси, а јас не можев да кажам не.

Немаше причина, врската беше супер, „ние” бевме супер, само што не можев да го засакам иако проклето се трудев, лојалноста во мене победи.

Прифатив и стапивме во брак, беше убаво, секој ден беше исполнет со интересни изненадувања, немаше нервози, љубоморни испади и слично.

Ми веруваше бескрајно, а и јас него, знаев дека ме сака, повеќе од животот како што јас го сакав бившиот.

Не можев да го оставам, би се чувствувала ужасно си реков.

Еден ден добив повик од мојот бивши, сакаше да се најдеме на кафе и да позборуваме.

Страни: 1 2