Факти за зелениот чај



Зелениот чај е одличен сојузник во борбата со вишокот на килограми. Со негова редовна употреба месечно можете да загубите 1 килограм без диети. Тој е природен антиоксиданс кој ја рекулира работата на цревата,го забрзува метаболизмот и ги топи масните наслаги.


Ги разградува масните наслаги

Доколку ви се случило да изедете повеќе масна или слатка храна,само една шоља зелен чај дневно значително ги намалува штетните последици од калоричниот оброк. За овој процес е најзаслужен катехинот, супстанца која го поттикнува разградувањето на несаканите масни наслаги.


Го забрзува метаболизмот

Калориите побрзо се трошат со редовната употреба на зелениот чај. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно конзумираат зелен чај во текот на денот тршат 6 проценти повеќе калории од луѓето кои не го употребуваат.Или со други зборови,ако дневно внесуваме 2300 калории,дури 138 од нив ке ги изгубиме само благодарение на зелениот чај.


Целулитот и издржливоста

Бидејќи во себе содржи голем број на антиоксиданси кои го поттикнуваат излачувањето на штетните материи од нашиот организам, така што се разградува целулитот и со тоа вашата кожа станува помазна и посјајна.Секако овој процес е најделотворен доколку го комбинирате со физичките активности, бидејќи зелениот чај ја зголемува физичката издржливост за 25 проценти.

Зелениот чај го буди нашиот организам

Поради кофеинот кој во себе го содржи, доколку се чувствувате уморно и исцрпено,една до две шољи зелен чај дневно ке ви помогнат да го освежите вашиот организам,бидејќи тој ја забрзува циркулацијата и го подобрува расположението.

При проблеми со пробавата

Доколку страдате од вакви проблеми, напијте се една голема шоља зелен чај во која ке додадете и неколку капки лимон. Овој едноставен рецепт е многу делотворен во случаите на констипација.

Го намалува чувството на глад

Зелениот чај го одржува под контрола нивото на инсулин што во превод значи дека нивото на шеќер во крвта е стабилно, па така и организмот бара помалку слатки.

Колку шољи зелен чај е доволно?

Оптималната доза на зелен чај се движи до шест шољи дневно, како целосно би ги искористиле сите негови позитивни својства. Во него можете и да додадете и малку млеко, или лимон.
Совет – зелениот чај немојте никогаш да го подгорвувате со врела вода, бидејќи преголемата топлина ги уништува сите негови корисни материи.