Двата слатки збора „те сакам“ на мажите не им значат толку: Како да му покажетете дека го сакате, без зборови


Двата слатки збора „те сакам“ на мажите не им значат толку, како на жените. Тоа е затоа што жените се вербални, а мажите визуелни. Додека тие се занимаваат со анализирање, мажите дејствуваат импулсивно.

– Доколки забележи дека во текот на разговорот сте фрлиле поглед на мобилниот телефон, тоа ќе го протолкува како знак дека не ви е важен, појаснува брачниот терапевт и психолог Мајк Доу. Тоа е пред се поради тоа што машкиот мозок е програмиран истовремено да може да извршува само една работа, додека жените можат да извршуваат повеќе работи одеднаш. Со насочено внимание кон него и со директно гледање во очи вие му порачувате: „Ти си ми приоритет и те сакам“.– Старата поговорка дека патот до машкото срце води преку желудникот е точна, изјави Доу и додаде дека кога без да го прашате ќе му го подготвите омиленото јадење, сте му покажале дека ја знаете неговата душа, а тоа за него е љубов.

Ќе му кажете „те сакам“ доколку долгото водење љубов понекогаш го замените со брз секс, а кусиот бакнеж за разделба со прегратка, која трае долги седум секунди, советува брачниот партер Карин Голдстајн.

Сака да биде заштиник, но брзо ќе се засити од принцезата

Со чувството дека ви е потребен и дека сте зависни од него тој чувствува дека го сакате. Меѓутоа тоа не значи дека морате да глумите принцеза на зрно грашок. Бидете му потпора во моментите кога треба да покажете одлучност.

Црвениот фустан и малку шминка повторно ќе го заведат

Страни: 1 2 3