Драган Таневски: Ме интересираат така многу некои смотани и необични работи за тебе, ама …

Автор: Драган Таневски

 

Ме интересира еве, дали костените ги сакаш еднаш или двапати сецнати од горе. И дали правиш јазичиња превиткувајќи ја страната од книгата до кај што си стигнала. И еве на пример дали ја ставаш за миење без пред тоа да ја излижеш лажицата шо мачкаше нутела со неа. И дали на првите тактови на некоја песна зимаш четка за коса и трчаш пред огледало да пееш караоке. Сакам да знам дали понекогаш ти иде да им ги фрлиш мобилните у кафето на оние шо се ѕверат у нив. И еве, дали го јадеш прво чоколадото па желето од ресаната. Ме интересираат така многу некои смотани и необични работи за тебе, ама ќе ми се направи гужва од прашања во грлото и ќе изустам само – како си?