Денес се кажува оваа молитва: оние кои немаат деца треба да го кажат ова



Таа како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи била добродетелна девојка, еден големец ја омажил за неговиот син. Кога умрел старецот големец, навалиле роднините врз неговиот син за да ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството.


Ана го роди синот Самуил и Му го посвети на Бога уште од неговото детство. Тој беше голем водач на Израилскиот народ и Пророк, помаза два цара, Саул и Давид. А Св. Ана му испеа на Бога благодарствена песна, чудесна според мудроста и убавината, па нејзе и ден денес ја пеат во богослужбите на Црквата.

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).


Според народните верувања жените на овој ден не треба да работат тешки работи. Оние жени пак што немаат деца, на овој ден одат во конак и остануваат таму по три дена за да се молат на света Ана за пород.

„Света мајко Ана, твојата ќерка Марија но донесе спас со синот Исус, просевтувајчи те со милоста господова. Моли го исус да ми даде сила и мудрост во овие денови и верно да ја исполнам својата должност како мајка, па и јас со деца да доживеам венчно блаженство. Амин!