Денес е Положување на појасот на Пресвета Богородица – жените обавезно да го направат следново



Поради чудото што се случило кога овој појас на Пресвета Богородица ја излекувал царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф, определен е овој празник, кој нашол место и во нашата традиција.


Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците. Во V век Појасот бил пренесен од Ерусалим во Цариград и бил положен во скапоцен ковчег во црквата „Св. Богородица“. Во X век се случило чудо во врска со овој појас кога се излекувала царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф. Имено, таа во сонот имала видение дека ќе оздрави од тешката болест, ако врз неа биде положен појасот на Пресвета Богородица. Тоа било и направено, појасот врз неа го положил самиот патријарх по што таа веднаш оздравела. Потоа појасот пак со многу внимание бил положен во истиот ковчег. За спомен на ова чудо во врска со оздравувањето на болната царица во X век е востановен овој празник.

Жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица ија молат за милост.


Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат, а болните ќе се излечат.

Извор: Прес24.мк