Дамата од овој хороскопски знак е родена да биде победник



Типична претставничка на ѕвездениот знак која цврсто стои на земјата и не е склона кон фантазирање, но живее во реалноста и зема од неа колку што може повеќе, е Јарецот.


Неверојатно силна, дамата Јарец може да одолее на сите тешкотии, а секој проблем го решава мирно.

Иако изгледа ладно и резервирано, под површината се крие дама со одлична смисла за хумор, која копнее за безбедност.


Таа е подготвена да жртвува се само заради семејството.

По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да губи време со бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и ако некој и се допаѓа нема да остави ништо на судбината. Таа ги разбира своите способности и ќе ги преземи работите во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот што го сака.


Идеален партнер за неа е некој кој сака да успее во животот, колку и самата таа.

Идеални партнери за неа се Овен и Девица, бидејќи тие знаат како да навлезат во нејзиното срце, додека Ракот целосно ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.