ЧЕТИРИТЕ КОНЦЕРТИ НА КАРОЛИНА РАСПРОДАДЕНИ, ДОДАДЕНИ УШТЕ НОВИ ТРИ!

Од Авалон продукција известуваат дека закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари се РАСПРОДАДЕНИ. Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

Влезниците во продажба се пуштени во продажба од денес, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.