Брзи итрини за зафатените домаќинки



Чистењето на домот, иако е потребно за сите, е всушност “лично прашање”. Не грижете се од стандардите на другите луѓе. Одлучете што значи “чисто” за вас и одржувајте го домот според оваа дефиниција.


Најважно од сè, сепак е ефективно да го користите времето. Еве како:

Утврдете ги приоритетите – одредете што задолжително треба да биде направено, што би требало да биде направено и што би било добро да биде направено. Правете ги работите токму според тој редослед и заборавете за останатото.


Одредете си време – може да завршите доста работи за некакви си 10 или 20 минути. Листата за чистење треба да биде флексибилна, за да може да ја менувате, ако се случи нешто непредвидено во вашата програма. Правете што можете и кога можете.

Давајте задачи – научете ги децата како да ги прибирате алиштата, како да чистите со правосмукалка, да ги миете садовите или да ја полните машината. Замолете ги другите во семејството да ви помагаат во овие активности како миењето на прозорците, миењето на подот, бришењето и уредувањето на собите.


Чистите по ред – Завршете една задача, пред да започнете друга.

Ставајте нешто пред вратата за помалку прашина да ви влегува. Извадете го килимот од ходникот.