Брз и вкусен колач кој се прави за 5 минути


Брз и вкусен колач, кој е лесен за подготовка.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 4 рамни лажици брашно
  • 3 рамни лажици шеќер
  • 1 лажица какао
  • половина лажичка прашак за пециво
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици сончогледово масло

ПОДГОТОВКА

 

Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете ги јајцето, млекото и маслото и мешајте убаво за да не останат грутки. Смесата поделете ја во шолјучки и во секоја наполнете ја до половина. Ставете ги во микробранова печка и печете ги 3 минути.