Близнаци се родија во различни години (видео)



Брендон и Холи Шеј го одбележаа почетокот на 2017, добивајќи ги нивните близнаци Сојер и Еверет. Двајцата велат дека имале чувство дека момчињата ќе ги изненадат, но не и по начинот на кој тоа го направиле.


“Па така Сојер се родил во 11:50 минута. Еверет сепак се покажа инатлив и се појави на виделина една минута по полноќ”, вели Брендон Шеј. Всушност браќата близнаци се раѓаат во две различни години, иако со разлика од неколку минути.

Сојер тежи 2 кг и 400 грама, а Еверет малку над 2 килограми.


Браќата и нивната мајка се во одлична здравствена состојба.