Bella – прв избор на дамите со префинет вкус



Македонскиот бренд за првокласна модна облека – Bella го претстави духот на новата колекција преку ликот на Росана Јанков.


Модерната, деловна жена е инспирација за искусните дизајнери и кројачи во Bella повеќе од 25 години, па така и новата колекција е наменета токму за овие дами, што може да се забележи и по изборот за модел кој ќе ја претстави пред јавноста.

„Росана е наш редовен клиент и вистински модерна дама со префинет вкус, и оттаму беше сосема логичен избор за лице кое ќе покаже како ние ја замислуваме нашата облека во секојдневниот живот. Стилот кој го креираме како синергија помеѓу квалитетот и грациозноста отсекогаш ги отсликувал нашите вредности, нешто што најдобро може да го покаже жена која вистински верува во тоа.“ – објаснуваат од Bella.


“Крој по мерка” е еден вид мото, но и систем на корисничка грижа во оваа компанија, ставајќи ги клиентите во фокусот во секој сегмент од процесот на создавање парчиња облека кои ја слават посебноста на секоја жена. А тоа се чини дека е тајната за создавање лојални клиенти.

5 (2)


„За мене Bella е синоним за уникатен и впечатлив изглед, идеален за она што ми е потребно, имајќи во предвид дека мојата работа вклучува чести телевизиски појавувања, како и формални настани каде што ваквиот изглед е речиси задолжителен. Но, надвор од ова, во оваа облека се чувствувам навистина пријатно. Внимателно избраните материјали скроени во беспрекорно модерни модели секој пат ги надминуваат моите очекувања. Чест ми е што сум дел од овој проект на брендот кој се грижи за изгледот на нашите деловни и модерни жени.“ – вели Росана Јанков.

***Информации за колекцијата ***

Страни: 1 2 3