Барал идеја за да и купи поклон: Тоа што го направил ќе ве остави без зборови



Автор: Драган Таневски


– Писателе, каков поклон да и купам? Дај ми некоја идеја.
– Кажи ми неколку збора за неа, да добијам идеја. Што ја интересира, каков карактер е…
– Прекрасно суштество е. Сонува и кога е будна. Се што ќе допре, како да оживува некако. Кога ќе ме погледне, знам дека е моја. Кога ќе ми прозбори, знам дека сум нејзин.
– Што ја радува?
– Долги разговори. Првото кафе сабајле го пиеме саат и поише. Сака и мазење. Сака да и читам додека си лежиме. Вика дека мојот глас некако ја успокојува.
– За што сака да зборува?
– За обични работи. Ама кога она зборува за нив, тие стануваат посебни. Од се знае да направи бајка. Пред некој ден пола саат ми раскажуваше за некој одмор во Дојран. Имав чувство дека ми зборува за некој рајски остров. Малдиви или нешто слично.
– Знаеш што?
– Кажи писателе… било што. Се би направил за неа.
– Не и купувај ништо. Вие двајца веќе имате се.