Автомобил удрил во две 15-годишни девојчиња во Скопје – едното потешко повредено



Две девојчиња биле повредени во сообраќајна несреќа во Скопје, информираа од МВР.


Според полицијата, вчера во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скопје, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај едното девојче се констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај другото девојче биле констатирани телесни повреди и била упатена на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, пишува Фокус.