Автобиогравска песна на Милена Лунеска , но и за сите истрајни борци на своите сонови



Автор: Милена Лунеска


СОНОВИ

Сонувам,
а во сонот сум птица високо што лета,
далеку од јатото,
далеку од домот,
но, душата е мирна
понесов верба и надеж,
Сонцето и во далечина ке ме води!!


Сонувам,
а на небото ознаки, патокази,
раскрсници разни,
испишани правила,
воведен закон,
казни за различни мисли,
но, јас и таму- по свое!
сама го бирам патот,
патот кон југот!

Сонувам,
а и сонот се плаши од
дождови и ветришта силни,
сака негде да се скрие,
а срцето мое и во невреме спокојно чука..
одамна знае…
животот само во сонови може
битките без борба да ги губи!