Астрологија на карма: Откријте што сте биле во минатиот живот


Можеби веќе ви се случувало да стигнете некаде каде порано никогаш не сте биле а имате впечаток како тоа место да ви е познато од некаде или како веќе да сте биле таму. Исто така, ако некој лесно ги учи странските јазици или повеќе од другите го привлекува или го одбива некој град или држава, сосема е можно веќе да живеел таму. Некои лица, преку сеќавањето на клиничката смрт или минатите животи, помнат различни историски периоди, крстоносните војни, француската револуција, добата на Отоманската империја.

Филозофијата на реинкарнацијата ја познавале, ја пректикувале и ја ценеле најстарите народи.

Реинкарнацијата е учење според кое човекот мора да се роди и да умре онолку пати колку што му е потребно за да стане совршен, а детето го „избира“ семејството кое на најдобар начин може да му го обезбеди развојот. Според  хинду учењето, со сиромаштијата, љубовните проблеми, болестите во овој живот ги плаќаме грешките што сме ги направиле во минатите животи. Оваа древна религија од друга страна, не учи дека на лошата карма може да се влијае со силата на волјата, молитвите и предметите што штитат од лошите влијанија, талисмани и амајлии. Затоа што реинкарнацијата не наведува на размислување и не поттикнува да бидеме подобри. Секако со услов да имаме доволно совест и сила да ги признаеме сопствените грешки.

Страни: 1 2