Астро: Каква судбина одредува денот на вашето раѓање? | Lady

Астро: Каква судбина одредува денот на вашето раѓање?

hormonnaljubovta

Како што во традиција на нашиот народ е раширено верувањето дека секој ден има посебно значење, така и во рамките на астрологијата, постојат различни теории кои го објаснуваат влијанието на одреден ден – денот на раѓањето, нашиот карактер, психолошкиот профил, како и принципите кои ја детерминираат нашата судбина.

Во современата астрологија исто така е тренд, некои настани, принципи или законитости да се прикажат и протолкуваат на популаристички начин. Ако на сeто тоа му се приближиме од гледна точка на забава – популаристичка астрологија, потоа, во согласност со тоа, секој ден добива посебно значење и “влијание” на нашата судбина. Во зависност од денот кога сме родени, секој од нас ќе се однесува на одреден начин. Мора да знаете дека со секој ден, управува одредена планета која влијае на карактерот и судбината. Проверете ги основните карактеристики, забелешки и толкувања за својот ден на раѓање.

Понеделник е денот на Месечината, и нејзините основни карактеристики се: чувствителност, нежност, плашливост, мајчински инстинкти, развиена духовност. Луѓето родени на овој ден сакаат мирен и скромен живот, но обично ги следaт големи “пречки” што попречуваат да се постигне безбедност. Овие луѓе се претпазливи, сигурни во акција, со тенденција да се стекнат со имот за зачувување на семејството и се занимаваат со приватни работи. Често пати тие се проследени со голем успех во уметнички, социјални, и хуманитарни професии. Имаат развиена фантазија, а поради проблемите бегаат во сништата, романтиката и мистиката. Се посветени на семејниот живот, домот и децата, искрено се предадат во љубовта и се многу лојални. Најсреќни се кога се опкружени со своето семејство и пријателите. Тие ја сакаат сината боја, а им се препорачува да ја носат зелената и белата боја, или да ги опкружува сребрената нијанса, затоа што овие бои ја зајакнуваат волјата, упорноста и оптимизмот.

Вторник – денот на Марс. Негови главни карактеристики се: динамичност, борбеност, моќ, храброст и решителност. Луѓето родени на овој ден се многу активни, со отворена и пркосна природа и помалку се егзибиционисти. Често пати работат “механички” бидејќи нив повеќе им е важен квантитетот и вкупниот биланс во активностите во кои тие се ангажирани. Низ животот поминуваат како големи ентузијасти, веруваат во лични способности, особено во “законот на посилниот”, во победа, но често немаат стил и суптилност. Нивниот живот не е едноставен, но повеќе страдаат оние кои се со нив, како и нивното семејство. Лесно влегуваат во ризик и авантура. Тие ја сакаат црвената боја, а им се препорачува да ја носат портокаловата и кафеавите нијанси, бидејќи тие бои ги смируваат импулсите и нагоните.

Среда е ден на Меркур, која ги дава карактеристиките: способни трговци, добри оратори. Луѓето родени на овој ден сакаат својот живот да им изгледа како авантуристички роман кој изобилува со интересни и непредвидливи настани. Не поднесуваат инерција, немаат доволно трпение и многу критички се расположени. Живот го поминува во постојано движење или немир. Понекогаш ги игнорираат интерперсоналните и семејните односи, но поседуваат речиси “генијален ум”. За нивните основни потреби обично се грижат другите, а тие се докажуваат во надворешниот свет, во друштво и пред публика. Сакаат сè што е ново, возбудливо и атрактивно, ги привлекува иднината, обично ја избираат жолтата боја, а им се препорачува често да ги носат сините нијанси, бидејќи тие дејствуваат пријатно на нивните нерви.

Четврток – ден на Јупитер. Основни карактеристики: мислители, весели луѓе, оптимисти и филозофи со добро расположение. Луѓето родени на овој ден сите големи проблеми во животот ги решаваат со филозофско размислување. Тие ја сублимираат реалноста и не ми се допаѓа тагата или депресивното расположение, т.е на сè даваат една весела и хумористична нота. Пристапуваат кон живот многу решително, дејствуваат активно, борбено, но и великодушно, влеваат довербата и сигурност, праведни се и чесни. Склони се кон претерување и авантури, уживаат во различни забави. Делуваат позитивно и поучно на својата околина, често освојуваат големи симпатии и стануваат многу популарни и омилени во друштво. Тие ја сакаат црвената боја и живописните тонови, а им се препорачуваат сините нијанси за да ја смират агресивноста и екстраваганцијата, да ја намалат екстравертираноста и да ја зајакнат хуманоста.

Петок – денот на Венера дава основните карактеристики: чувство на естетика, софистициран вкус, нагласен стил, весели се и со добро расположение. Луѓето родени на овој ден секогаш се обидуваат да изгледаат убаво, привлечно, атрактивно и предизвикувачки, со посебни додатоци и сакаа да го зачуваат доброто расположение. Поседуваат голем шарм и префинети критериуми. Тие сакаат патувања, разни забави и одмор. Главна лекција која треба да ја научат за животот е дека до важни цели се доаѓа постепено, трпеливо и со големо вложување на енергија. Обично многу повеќе планираат, но брзо се откажуваат, особено кога ќе сфатат дека околностите се “тешки” или тогаш кога нешто не е по нивниот вкус и мерка. Претпочитаат пастелни нијанси, накит, украси и сјај, а им се препорачуваат нијанси на зелена боја, бидејќи тоа им помага во зајакнување на психичката рамнотежа и да ја зајакнат силата на волјата.

Сабота е денот на Сатурн, а неговите главни карактеристики се: рационалност, практичност, материјалност, упорност и смиреност. Луѓето родени на овој ден делуваат многу сериозно, решително и влеваат голема доверба. Поседуваат контемплативна природата, и се склони кон анализирање и оценување на “туѓите” вредности, знаат да бидат многу прецизни, дури и во најмалите детали. Преферираат тишина, изолација и уреден, односно “строго контролиран” – спокоен начин на живот. Инсистираат на тоа во животот сè да е јасно дефинирано, утврдено, организирано, структурирано, хиерархиски поставено. Не толерираат трикови, лекомислие и неодговорност, и не можат да се помират со човечките недостатоци. Тие ја сакаат црната и белата боја (како одраз на нивните внатрешни контрасти), а им се препорачува да носат жолти нијанси кои им делуваат позитивно на расположението, ја зголемуваат среќата и подготвеност да преземат акција.

Недела е ден на Сонцето, и тоа ги дава следниве карактеристики: динамичност, суета, егоцентричност, виталност, сила, моќ и желба за управување. Луѓето кои се родени на овој ден поседуваат голем ентузијазам, силна потреба да доминираат и да дадат целосно внимание на себе или на нивната работа. Во животот се познати како големи борци за чест, позиција и титула. Лесно влегуваат во ривалство и сакаат да се докажуваат пред другите. Сакаат големи пофалби, зборови на восхит, награди и признанија. Знаат да бидат великодушни и храбри, инсистираат на фер игра и ги карактеризира голем алтруизам. Обично живеат и работат надвор од стандардните норми, се спротивставуваат на авторитетите, бидејќи тие самите поставуваат различни “правила” и зборуваат со авторитативен тон. Достоинствени се и со префинет вкус. Тие ги сакаат светлите бои, жолтата и портокаловата боја, а им се препорачува бела боја и помирни бои, пригушени нијанси, така што боите да го контролираат нивниот внатрешен импулс, особено поради воспоставување на рамнотежа помеѓу големиот ентузијазам и “ослабената” волја или разум.

Извор: ХОРОСКОП