Ако навистина е судено да бидете заедно, љубовта ќе најде начин

Tешко е да гледаш некој друг човек во очи, а да не се заљубиш во него. Затоа луѓето толку брзо, го тргаат погледот едни од други. Немаат храброст подолго време да се гледаат во очи.

Ќе ги преплави Љубов и ќе се запрашаат што ги снашло. Кога се препуштиш на љубовта и дозволиш, да те води таму каде што твојата душа сака да биде, нема да има повеќе никакви тешкотии.

Борбата ќе престане и ќе го осознаеш единството. Ако имаш партнер или близок пријател, обиди да се загледаш во неговите очи. Немој да го тргаш погледот, дури и ако тоа продорно гледање станува непријатно.

Непријатноста ќе помине и ќе се преобрази, во нежност и внатрешен сјај и ќе те обземе чувство, дека се топиш со оној другот. Додека ги гледаш своите или туѓите очи, ќе ја видиш душата. Очите се огледало на душата.

Нил Доналд Волш

Која е причината за да останеме со човекот кој не го сакаме

Во поголемиот дел од случаите партнерите делат велосипед, сметките дома или исплаќаат заедно кредит, а овие трошоци нема како да се преземат одделно кај повеќето мажи и жени кои живеат заедно.

Поради оваа причина околу 45 % не се разделуваат со партнерот барем една година по исцрпувањето на нивните односи, а други 25% остануваат со човекот до себе, дури и да не го сакаат, околу три години поради нивната финансиска поврзаност со него.

Главно мажите и жените меѓу 25 и 34 години се финансиски зависни од оние во напредната возраст, зашто допрва се натрупува професионалното искуство и кариера.

Други 12% пак би земале кредит, за да ги покријат своите сметки во иднина, но во никој случај не би останале со човек, кон кого веќе не доживуваат чувства.

Што не очекува денеска според хороскопскиот знак?!

Овен
Бизнис: Ако сметате дека и другите можеби имаат нешто да кажат што ќе биде од корист за заедничките интереси, тогаш ќе постигнете многу добри работи денес во вашиот деловен план. Понекогаш е потребно само малку за да се постигне многу.

Љубов: Слободни, прилично сте расположени и со големи шанси сериозно да се заљубите.

Здравје: Можна несоница.

Текстот продолжува на следната страна

Ако сте родени на овие датуми, тогаш имате посебна среќа

Нумерологијата како концепт е блиску до оној на астрологијата и други паранауки од антиката.

Може да се користи за “предвидување на иднината преку изготвување на предвидувања врз основа на бројките”.

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.

Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!

За жена нема ништо по привлечно од верниот маж. Кој знае што сака…

Кога ќе ти сврти грб и кога ќе ти каже дека нема ништо повеќе да ти каже, не и верувај.
Прииди и. Не мораш ништо да кажеш. Но молчи со неа. Гушни ја, нека го осети твоето присуство. Нека види дека ти значи. Колку и да се преправа пoнекогаш, на жената и е потребно внимание. Дај и го.
Посебно ако она ти го поклонува секојдневно. Ако се труди. Не е совршена, а не си ни ти. Затоа совршенството треба да се бара во вашите несовршенства, грешки, мани. Доблестите лесно се сакаат. А во лесно нема ни предизвици нити длабочина. Платонски е и пролазно.
Кога ќе ти сврти грб знај дека постои причина. Свртен грб е како sид. Прескокни го. Дојди до неа. Погали ја по косата. Избриши и ги солзите. Колку ќе ја допреш толку ќе бидеш голем во нејзините очи.
Тие допири немаат врска со твојте прсти, усни. Тоа се допири од душата. Единствени допири кои вредат. Не ја пуштај, ако еднаш ја пуштиш, дури и присутна ќе ти биде далечна. Ќе и го срушиш светот, а на жената лесно и се рушат световите…
Внимателно со неа, како со цвет.
Кога ќе ти сврти грб, немој и ти да вртиш грб. Нека не трепери од очај, направи да трепери од твојата близина. Нека знае дека си тука.
Насмевни ја, подсети ја на се што имате заедно. Нека во тебе го види својот мир. Верност.
За жена нема ништо по привлечно од верен маж. Кој знае што сака.
Нека најде сигурност, да знае и кога ќе паѓа дека си тука и ќе ја фатиш за рака. Знаеќи дека никогаш нема да ја пуштиш. Дека нема да се откажеш од неа.
Кога ќе ти сврти грб нека не ти биде тешко да ја расположиш, да заборави на кавгите, несогласувањата.
Однеси ја на слатко, гушни ја цела. Шeпни и колку ти значи. Кажи и колку целиот твој свет застанал во нејзините зеници.
Остани буден со неа. Изненадија со доручек.
Биди и ситница.
Тогаш ќе и бидеш бесконечен космос.

Автор: Дејан Велевски