5 работи кои силните жени ги прават различно | Lady

5 работи кои силните жени ги прават различно

zeni

Еден инспиративен текст, на кој наидов во мрежата. Текст кој сакам да го подарам на сите силни жени. Текст кој сакам да го подарам на тебе!

Силните жени …

1. Не се плашат сами да ги утврдат целите.

Во минатото целите и улогата на жената биле определени од мажите во нејзиниот живот. За среќа тоа веќе не е така. Денес силната жена сама ја одредува насоката на својот живот. Сама решава кон што се стреми. Таа избира што да преземе и не дозволува некој да ја влече назад.

2. Ужива во својата осаменост. Или не?

Општеството суди за жената според она што таа го прави во дадениот момент. Ако седи во кафуле и пие капучино, чита книга, значи најверојатно угнетувачот и е од оние “работни пчела”, кои не го креваат носот од бирото, додека не завршат со работата. Ако пак жената е во бар со пријателите, тогаш се во потрага по човекот. Не, драги господа! Ништо од ова не е така. Силната жена не се дефинира себе си со тоа што одлучила да прави во овој момент.

3. Не се обидуваат да бидат совршени.

За силната жена да си “совршена” значи да се сакаш себе си таква каква што си. Силната жена знае дека не треба да се менува, ако тоа не го сака. Не и е гајле, што другите може да не ја сакаат.

4. Не ги прифаќаат работите лично, но …

Премногу долго жените требало да голтаат какво ли не. Да симињаат капа, наведнат очи и да молчат. Силната жена одбива тоа да го прави. Таа не ги прифаќа работите лично, но и не се помирува со тоа што не и е пријатно.

5. Знаат дека можат да го направат светот подобар.

Заврши времето на професиите кои “не се за жени”. Денес силните жени го знаат своето место. И знаат дека тоа е еднакво на мажите. Знаат на што се способни и каков потенцијал поседуваат. Тие можат да го променат светот!