4 работи за кои треба да поразговарате со идниот сопруг



Има неколку важни прашања на кои мора да имате заеднички одговор пред да се решите за најголемиот чекор во животот и да стапите во брак со сегашниот партнер.


Каде се гледате за пет, десет, петнаесет години?

Се разбира дека не треба да го испланирате целиот живот однапред, но некои желби и надежи сепак треба да се споделат. Не е лошо човек да има однапред поставени цели. Но, треба да се има на ум дека секогаш сè може да се промени и дека ќе морате да бидете флексибилни. Луѓето се менуваат, исто како што со текот на годините се менуваат потребите, интересите и желбите. Промената на мислење не значи дека сте слаб карактер, туку дека сте подготвени за нови искуства.


Како ќе се справувате кога ќе има караници

Во врските во кои нека караници нешто не е во ред, сметаат психолозите. Внатрешното задоволство често може да еруптира како вулкан, биедјќи не е вербализирано и останува нерешено. Караниците се знак на здрава врска, но единствено ако станува збор за конструктивни караници во кои не се напаѓа и навредува партнерот. Една од клучните работи е дека секогаш треба да бидете подготвени на компромис.


Дали ќе му смета ако го задржите своето презиме?

Не се сите жени подготвени да го земат презимето од сопругот и во втор план да ја стават семејната историја, наследството и професионалниот идентитет. Има многу опции за компромис, може да го додадете неговото презиме, да го оставите само вашето, да ги комбинирате и двете и да создадете ново. Сите опции се во ред, само треба да се договорите што најдобро ви одговара.

Дали и двајцата сакате потомство?

Некои парови сакаат веднаш да основаат семејство, додека некои сакаат одредено време да почекаат. Седнете и искрено разговарајте за тоа што мислите за децата и колку би сакале да имате. Немојте беспотребно да се доведувате во стресни ситуации, бидејќи ако не се договорите околу ова прашање, на еден од вас ќе му биде тешко да попушти.