4 прашања што треба веднаш да му ги поставите на новиот дечко


Ако од скоро имате нова врска, подобро е да бидете сигурни дека со овој човек навистина има смисла да продолжите да се гледате. Не е доволно да се смеете на истите филмови и да сакате да јадете исти десерти.

Осигурете се дека со него реално споделувате исти ставови за главните работи во животот пред работите меѓу вас да се продлабочат.

Еве и кои се 4-те прашања што треба да ги поставите на вашиот нов дечко, што е можно поскоро:

1. Кои се вашите вредности во животот?

Добро е да поразговарате со вашиот дечко за сите најважни аспекти од иднината. Прашајте го што најмногу цени во вашиот живот – кариера, семејство, слобода? Прашајте го како смета дека би изгледал среќен живот, каде се гледа после 30 години итн.

2. Какво беше твоето детство?

Подобро е со новиот дечко да си ги споделите деталите за вашите семејства. Дознајте какви се односите на партнерот со неговите родители, дали ги почитува, дали е близок со братот или сестрата.

Дознајте кои биле најтешките моменти од неговотo детство. Има луѓе кои се стремат да ја повторат љубовната приказна на родителите или пак да ги избегнат нивните грешки. Зборувајќи за овие теми, можете да дознаете многу за воспитувањето на својот сакан и за тоа како тој гледа на светот.

Страни: 1 2