3 накити кои мажите треба да ги носат



“Колку лишени од детали, толку подобро”. Тоа е естетиката за мажите, а тоа го поддржува и авторот на Business Inisder, Денис Грин.


Според него кога станува збор за машки накит и додатоци, тие треба да бидат најмногу три: убав часовник, добар пар манжетни и ако е женет маж – брачен прстен. Ништо повеќе. “Освен ако не е филмска ѕвезда, професионален спортист или уметник”, смета авторот.

Во исто време, тоа не значи дека машките додатоци треба да бидат здодевни. Има доволно можности да се упатат пораки преку нив. Постојат милиони видови рачни часовници, како и манжетни за секој вкус, информираат од komentar.mk.


Ако најдете машки скапоцен камен, што одговара на вашиот личен стил и мислите дека дава повеќе енергија, бидете храбри, носете! Светот познава мажи како Џони Деп, кои умеат да го прават тоа. Но, секогаш имајте на ум, дека вкусот може да не одговара на вашата конзервативна средина во која работите. Особено ако сте во финансиска компанија, дополнува авторот.