25 годишна девојка од Скопје: Влегувам во автобус на ЈСП и шоферот ми вели дека треба да…

Ова го кажувам јавно, бидејќи одговорните лица во ЈСП треба да се позанимаваат со однесувањето на возачите, бидејќи се однесуваат како шерифи и не ја вршат професионално својата работа, а на тој начин го рушат угледот на јавното претпријатие, истакна Ана од скопски Аеродром.

Нашата редакција испрати објаснување до ЈСП за поплаките од страна на граѓаните за непрофесионалното однесување на возачите и побара одговор како постапува ЈСП по пријава од граѓаните, на кој начин се врши контрола за однесувањто на возачите, какви се санкциите, но сеуште не добивме одговор на овие и на уште неколку други прашања.

Во продолжение ќе можете да прочитате во целост објавени статуси од револтирани граѓани кои се корисници на јавниот превоз.

„Една амеба од шофер денес во ЈСП ќе повредеше постара жена на која ѝ ја затвори вратата на влегување, само затоа што подзастанала да види кој број е автобусот позади. Ајде тоа што го направи, ќе си речеш, може случајно. Ама он толку многу почна да вика по неа, „кај гледаш, што правиш, што се влечеш ко црево, тебе ли ќе те чекам“ што се шокиравме сите.

Женава му вели „Па за тоа ли требаше да ме стиснеш со вратата?“, а „мудрецот“ без грам мозок и одговори без срам и перде „Сум пукнал тебе да те стискам, ај да си млада па да те стиснам!“ Па почна тука да ја вреѓа… „стоко“, „краво“, „мрш мори“ и слични зборови кои од чиста култура тука нема да ги употребам. А тоа што само ние жените некако и изреагиравме за недоличното однесување на шоферот и покрај стравот да не ни се сипе и на нас бидејќи беше поприлично агресивен и гласен, а не се најде ниту еден „јунак“ од мажите да застане во одбрана на жената, е тоа е веќе друга приказна…

Страни: 1 2 3