10 совети за позитивна енергија



Се чувствувате изморено постојано? На работа немате волја да ги извршите работните обврски, а дома само чекате да се струполите на каучот и да се излежувате цела вечер. Позната ситуација, но за среќа, постојат начини како се здобиете со потребната енергија и тоа со посветувајќи си само 10 минути дневно. Еве што ви предлагаме:


совети за позитивна енергија

  1. Излезете на сонце. Ни се погоди времето – никогаш немало повеќе сонце во ова време од годината. Особено ако поминувате многу време во затворени простории, ќе ви биде користи малку свеж воздух и секако, активирање на витаминот D преку сончевите зраци. Сонцето го зголемува нивото на серотонин, со што ќе ви го подобри расположението, а и полесно ќе заспиете навечер.
  2. Качете се по скали наместо со лифт. Доколку вашата канцеларија се наоѓа над приземје, искористете ги скалите наместо лифтот. Ова е одличен начин да ја подобрите работата на срцето.
  3. Направете пауза за кафе. Прво, паузата ќе му овозможи на организмот да закрепне од темпото на работа, а второ, кафето, особено еспресото содржи антиоксиданси. Кофеинот ќе го разбуди организмот и ќе можете да продолжите со работа поконцентрирани.
  4. Истегнете се. Ако сакате да напредувате во работата, мора да бидете во добра физичка состојба. Правете кратки паузи од работа и направете неколку вежби за истегнување. Ова ќе му помогне на телото да се разбуди, да ја подобри циркулацијата на крвта, а со тоа и ќе се подобрат вашите ментални активности.
  5. Решете крстозбор. Крстозборите го тераат мозокот да користи патеки помеѓу невроните кои не се рутински. Со тоа што го терате мозокот да мисли и да ги пронајде соодветните зборови, всушност дејствува како гимнастика за него.
  6. Смејте се. Не заборавајте да си најдете добар повод за добро да се насмеете. Смеењето, исто така, го подига серотонинот и се подобрува расположението, а кога сте добро расположени, можете да постигнете подобри резултати.
  7. Подгответе си аромотерапија. Некои мириси имаат дејство на опуштање. Тука спаѓаат: лајм, грејпфрут, лаванда, а доволно е да ги користите како освежувачи на воздухот и веднаш ќе го почувствувате нивното освежувачко дејство.
  8. Чоколадо. Чоколадото е извондреден стимулант – ја подобрува меморијата и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. А уште и вкусот му е неодолив 🙂
  9. Доручкувајте. На телото му треба многу енергија на почеток на денот, особено после 8 часа спиење. Во никој случај не го прескокнувајте доручекот – во спротивно, телото ќе почне да се однесува како да нема „гориво“ и нема да може да се сконцентрирате. А, за да измешате овесни снегулки со млеко и не треба баш многу време, нели?
  10. Дружете се со позитивно расположени луѓе. Негативното расположение ја инхибира позитивната енергија, па секогаш кога имате избор, одберете го поведрото друштво.
Кои други ритуали ги правите за да добиете позитивна енергија?